Минималецот ги плаши малите компании
Од март ново зголемување на минималната плата. 22.500 денари е добра вест за граѓаните, но товар за стопанството. Со оглед на последните информации од УЈП дека голем број од компаниите не можат да исплатат ниту ноемвриска плата, ова ќе биде уште еден удар...

Зголемувањето на минималната плата отвора нова можност за отпуштање вработени, алармираат стопанственици за МТВ. Според бизнисменот Орце Симов, треба да се зголеми продуктивноста на работниците, а со тоа ќе се зголеми и додадената вредност на фирмите. Само така, компаниите нема да се соочат со негативни ефекти.
Иако минималецот ќе расте, незадоволството тешко дека ќе се намали, оти тоа нема да повлече раст и на преостанатите плати.
Иако Владата најави зголемување на минималната плата, Синдикатите бараат да се покачат и другите плати за да не се доведеме во ситуација сите да работат за минималец.
Последните податоци на Управата за јавни приходи велат дека 22.763 вработени не добиле плата за декември. Пресметките за јануарска плата ќе стасаат кон средината на месецов.
Минималната плата сега изнесува 20.175 денари, од март оваа година нема да биде пониска од 22.500.
Иако минималната плата во Македонија се зголемува, таа и понатаму останува најниска во регионот. Па така, во Хрватска, минималецот од 500, се очекува да се зголеми за 172 евра. Србија најавува зголемување до 426, додека во Албанија, минималецот ќе се качи на 341 евро, подобрувајќи го статусот во споредба со Македонија.
Борис Грујоски
