Богоев: Царината ефикасен сервис на македонското стопанство
Богоев додава дека многу значајно за македонските компании е и мерката за признавање на белешките за мерење со Србија, а којашто се применува од вчера. Истакна дека континуираниот дијалог со бизнис заедницата овозможува креирање нови и унапредување на постојните мерки што се спроведуваат за олеснување на трговијата.

Одобренијата за царинско складирање, увоз за облагородување, стекнување на статус за одобрен извозник и статус за овластен економски оператор, се само дел од мерките што се спроведуваат се со цел зголемување на конкурентноста на македонското стопанство и зголемување на вработеноста, рече директорот на Царинска управа Стефан Богоев при посетата на македонска компанија за производство на сувомеснати производи.
Богоев додава дека многу значајно за македонските компании е и мерката за признавање на белешките за мерење со Србија, а којашто се применува од вчера. Истакна дека континуираниот дијалог со бизнис заедницата овозможува креирање нови и унапредување на постојните мерки што се спроведуваат за олеснување на трговијата.
„Царинската управа како сервис на стопанството, преку партнерски однос со македонските компании и понатаму посветено ќе работи на реализација на конкретни мерки и проекти се со цел - заштеда на време, ресурси и трошоци за компаниите, што ќе обезбеди конкурентска предност на македонското стопанство на меѓународниот пазар, повеќе работни места и повеќе приходи во Буџетот“, истакна Богоев.
Царинската управа во рамки на своите стратешки приоритети е силно посветена кон спроведување мерки за олеснување на трговијата и забрзана интеграција во ЕУ- стои во соопштението.
