Аерозагадувањње

Метрополата се најде на трето место по загаден воздух во светот

02.02.2024 15:22

Скопје и уште неколку градови во државава и денеска регистрираат високо аерозагадување. Дозволениот праг на концентрација на штетните честички неколкукратно е надминат.

Скопјани и денеска тешко дишат. Утринава метрополата се најде на трето место по загаден воздух во светот. Концентрацијата на ПМ честичките е скоро 16 пати над дозволеното.

Најголем проблем имаат луѓето со респираторни заболувања, но никој не е имун. Граѓаните велат дека кога воздухот е загаден преферираат да останат дома. Попладнево ветрот го расчисти малку воздухот го симнаа Скопје малку подолу на листата на загадени градови. Сепак аерозагадувањето руши рекорди.

Во програмите што се за заштита на животната средина има оскудно малку активности за заштита и на локално и на државно ниво сметаат активистите. Секоја година се наоѓаме на иста позиција бидејќи не се планира на долг рок.

Во светот околу 7 милиони луѓе годишно умираат како последица од загадениот воздух, а во Македонија дел од градовите секоја зима се меѓу светските рекордери по загаден воздух.

 

Ана Јосифовска Тодоровска