Бочварски: Реконструирани над 180 улици во општините
Во рамки на посетата, министерот Бочварски со градоначалникот Перо Костадинов потпишаа договори за реализација на инфраструктурни проекти во општина Валандово.

Во континуитет го подобруваме животот на граѓаните, а урбаниот развој и подобрување на локалната инфраструктура во општините се нашите приоритети и ние активно работиме на таквите приоритети. Централната власт останува најголем поддржувач и инвеститор во општините, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета на општина Валандово.
Во рамки на посетата, министерот Бочварски со градоначалникот Перо Костадинов потпишаа договори за реализација на инфраструктурни проекти во општина Валандово.
Тие извршија увид во изградба на локалниот пат за поврзување на населените места Јосифово и Калково, проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски. Исто така извршија увид и на завршениот локален пат во н.м Горна Маала во село Јосифово, инвестиции со вкупна вредност од преку 20 милиони денари.
Градоначалникот Костадинов најави продолжување на активностите со цел модернизација на целокупната инфраструктура во општината.
