Супермаркетите и бензинските станиции почнаа со продажба на лекови
10.06.2014 16:59
Наскоро лекови ќе се продаваат на 45 продажни места во локални маркети и во 86 бензински станици...

На 10 продажни места во познат синџир македонски супермаркети можат да се најдат 108 лекови од ОТЦ листата. За прва помош при лекување на главоболка, забоболка, дијареа, покачена телесна температура, може да се купат лекови за самолекување што не одат на рецепт, до моментот кога не ни е потребна лекарска помош. Не може да се купат антибиотици, седативи и лекови за деца.
Наскоро овие лекови ќе се продаваат на 45 продажни места во локални маркети и во 86 бензински станици. Деновиве ќе почне продажба на вакви лекови и на бензинските станици во руралните подрачја- Охридско с. Велгошти, Валандовско Удово, Конче, Прилепско Дреново и др.
На овој начин лековите се подостапни за граѓаните и патници особено при тегоби кога вообичаено не работат аптеките или пак се многу оддалечени од местото на живеење. Продажба на лекови за прва помош, витамини и суплементиза кои не е задолжителна препорака на лекарсе долгогодишна пракса во многу западно европски земји и САД.
Соња Стојановска
