Македонија
За викендот сончево и стабилно време со мала облачност
02.02.2024 18:43
Утре минималната температура ќе се движи во интервал од-7 до 1, максималната од 6 до 13 степени.

Во текот на викендот во Македонија се очекува сончево и стабилно време со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Утре минималната температура ќе се движи во интервал од-7 до 1, максималната од 6 до 13 степени.
Од недела ќе настапи затоплување со пораст на дневната температура којашто во првата половина од следната седмица ќе биде над просекот за овој период од годината и ќе достигнува максимална вредност до 20 степени.
