Леброн останува во Лејкерси
Не е тајна дека раководството на Лејкерс се обидува да најде начини да го засили тимот кој моментално се наоѓа на деветтото место во Западната конференција.

Во последните денови во САД се шпекулираше дека Леброн Џејмс може да ги напушти Лос Анџелес Лејкерс пред крајот на преодниот рок во НБА.
Сепак, оваа информација ја демантираше неговиот агент, Рич Пол, кој за „ЕСПН“ изјави дека Леброн нема да биде преместен во друг тим.
Не е тајна дека раководството на Лејкерс се обидува да најде начини да го засили тимот кој моментално се наоѓа на деветтото место во Западната конференција.
Сепак, „кралот“ очигледно ќе остане во тимот барем до летото кога му истекува договорот. 39-годишната суперѕвезда има опција во договорот вредна 51,4 милиони долари, но не е јасно дали таа ќе биде активирана.
