Стабилна состојбата на повредената девојка на концертот на „Сепултура“ во МКЦ

10.06.2014 17:05

Девојката со потрес на мозокот и рана на главата била пренесена во ургентниот центар. Лекарите велат- не е во животна опасност...

Наместо со најубавата песна за крај- возбудливата концертна журка во МКЦ доби страотна завршница. Половина час пред полноќ се слушнаа сирените на брза помош. Крв на подиумот- 20 годишна девојка ја изгуби свеста. Врз неа падна обожавател на бразилската група „Сепултура“.

Понесен од атмосферата обожавателот на групата се качил на метален држач за рефлектори. Во еден момент изгубил рамнотежа и од 5,5 метри височина паднал директно брз девојката. Тој не се повредил, по што станал и си заминал- велат од МВР. 

Девојката со потрес на мозокот и рана на главата била пренесена во ургентниот центар. Лекарите велат- не е во животна опасност. Во наредните денови ќе биде пуштена на домашно лекување.

„Примена беше со знаци за потрес на мозокот. Конфузна, дезориентирана, кратко време и во безсознание била. Сега е видно подобра, сега е свесна, конкатибилна- се работи за потрес на мозокот без трауматски промени на мозокот“, изјави д-р Александар Чапаровски, директор на неврохирургија.

Од МКЦ објаснуваат дека тие не можат да бидат виновни, бидејќи не се организатори на концертот, туку само го изнајмиле просторот. Од МВР велат дека работат на утврдување на идентитетот на момчето.

 

Андријана Атанасовска