Брисел

Земјите од ЕУ дадоа зелено светло за првиот закон за вештачка интелигенција

02.02.2024 19:31

Амбасадорите на 27-те членки на ЕУ на денешната средба едногласно го потврдија политичкиот договор постигнат во декември меѓу земјите и европратениците.

Земјите-членки на ЕУ денеска, по интензивни преговори, одобрија закон за регулирање на вештачката интелигенција, соопшти белгиското претседателство на Советот на ЕУ.

Амбасадорите на 27-те членки на ЕУ на денешната средба едногласно го потврдија политичкиот договор постигнат во декември меѓу земјите и европратениците.

„Овој закон за вештачка интелигенција е важен чекор за воспоставување на првите правила на планетата за вештачка интелигенција, што ќе ја направи побезбедна и ќе ги почитува основните права на ЕУ“, потврди белгиското претседателство.

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон ја поздрави „историската и прва од ваков вид регулатива ширум светот“.