Османи: Се разгледува можноста државата да компензира за тие кои имаат важечки пасоши
Тој рече дека новиот премиер на првата седница формирал работна група за да се изнаоѓаат решенија кои што се развија во неколку сценарија, од можноста државата да компензира за тие кои имаат важечки пасош, а заради договорот треба да ги сменат, до можноста за реорганизирање на службите.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи дека од 12-ти февруари патните документи со старото име нема да важат. За граѓаните кои треба да се вратат во државата а не ги смениле документите, тој напомена дека треба да бидат во комуникација со дипломатско конзуларните претставништва, преку кои ќе бидат упатени за понатамошна постапка. Во телевизиско интервју, Османи нагласи и дека се разгледува и можноста за рефундација.
Тој рече дека новиот премиер на првата седница формирал работна група за да се изнаоѓаат решенија кои што се развија во неколку сценарија, од можноста државата да компензира за тие кои имаат важечки пасош, а заради договорот треба да ги сменат, до можноста за реорганизирање на службите.
Се разгледува и опција за рефундација. Ова беше на првата седница на Владата, на барање на премиерот Џафери и ние сега како работна група од министри треба да му реферираме на премиерот за нашите предлози како сметаме дека може да им се излезе во пресрет на граѓаните – додаде Османи.
