САД

САД започнаа воздушни напади врз цели во Ирак и во Сирија

03.02.2024 09:27

Погодени се објектите што ги користи иранската револуционерна гарда и нејзините поврзани групи, објави претседателот Џо Бајден...

САД извршија воздушни напади врз цели во Ирак и во Сирија. Погодени се објектите што ги користи иранската револуционерна гарда и нејзините поврзани групи, објави претседателот Џо Бајден. Се очекуваат серија американски напади против милитантните групи. Од Вашингтон велат дека не бараат конфликт со Иран или на поширокиот регион на Блиски Исток.

„Американските воени сили нападнаа повеќе од 85 цели на седум објекти користени од иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда и милитантните групи што тие ги спонзорираат. Три од објектите се во Ирак. Четири од нив се во Сирија. Овие цели беа внимателно избрани за да се избегнат цивилни жртви и врз основа на јасен, непобитен доказ дека тие се поврзани со напади врз американскиот персонал во регионот“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.

Операцијата е одговор на континуираните напади а особено по нападот во кој загинаа тројца војници во Јордан. Од Техеран со став, земјата нема намера да започне војна.