ИЗРАЕЛ
Газа е претворена во место каде што е невозможно да се живее, велат од ООН
03.02.2024 09:31
Израел и Хамас се блиску до постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, велат посредниците од Катар...

Во текот на речиси четирите месеци откако Хамас ги нападна Израел и израелската воена акција, Газа е претворена во место каде што е невозможно да се живее, велат од ООН.
„УНИЦЕФ проценува дека најмалку 17.000 деца во Појасот Газа се без придружба или одвоени од нивните семејства. Ова одговара на 1 процент од вкупното раселено население од 1,7 милиони луѓе. сериозно влијание врз менталното здравје на децата“, изјави Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на ОН.
Најмалку 13 Палестинци загинаа во израелски напад на Рафа, десетици се ранети. Израел и Хамас се блиску до постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, велат посредниците од Катар.
