САД

Одложено судењето за изборна измама против поранешниот американски претседател Доналд Трамп

03.02.2024 09:48

Поради нерешени правни прашања судењето нема да започне на 4-ти март...

Датумот на судењето за обид за изборна измама против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и водечки кандидат на Републиканската партија за претседателските избори е одложен. Поради нерешени правни прашања судењето нема да започне на 4-ти март.

Сè уште нема нов термин за почеток на судењето. Поранешниот претседател е обвинет дека се обидел да го поништи исходот од претседателските избори во 2020 година. Против Трамп се покренати четири обвиненија, меѓу кои и заговор против САД. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со повеќегодишна затворска казна.

Трамп ги отфрли обвинувањата и ги оцени како политички „лов на вештерки“ против него и обид да се спречи да се кандидира за реизбор.