мвр

Приведен крадец во Куманово, следува соодветна пријава

03.02.2024 19:01

Тој се сомничи дека се обидел да одземе патничко возило „застава“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ј.(76) од Куманово...

Вчера во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К.(30) од Куманово. Тој се сомничи дека се обидел да одземе патничко возило „застава“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ј.(76) од Куманово.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.