Борба со корупција

Грковска очекува нови имиња на црната листа

03.02.2024 12:02

Повлечени од собраниска процедура, па најава за повторно разгледување и одобрување – измените на Законот за рестриктивни мерки отворија сомнеж за искреноста во намерите за борба против криминалот и корупцијата. Вицепремиерката Грковска, во интервју за Гласот на Америка на мекедонски, вели оти се надева дека црната листа ќе се прошири. Целта е да се покаже дека нема недопирливи...

Не може да се игнорира фактот и да не се преземе ништо за нашинците кои се на црната листа на САД, санкционирани за вмешаност во корупција и организиран криминал, вели вицепремиерката Грковска. Таа од Вашингтон порача – уверена сум дека не може да биде неуставно доколку некој сака да дефинира постапка, уредена во закон, да може надлежните институции да постапуваат и да отворат предмети за лица кои се непосакувани во САД. Во интервју за Гласот на Америка, Грковска рече дека очекува црната листа уште повеќе да се надополнува. Но, според неа, потребни се храбри луѓе на сите нивоа за справување со корупцијата.

Грковска смета дека е направена голема грешка со измените на Кривичниот законик. За независноста на судиите и обвинителите со став.

Вицепремиерката Грковска е иницијатор на Законот за рестриктивни мерки – со кој смета дека би се зголемила довербата во институциите. Ама, Владата го повлече решението од собраниска процедура поради административни причини. Сепак, најавата е дека повторно ќе го поднесе, иако актуелниот технички премиер Џафери и Министерството за правда имаат негативно мислење за измените.

 

Наташа Гркова Петрушевска