Образование
Студентите најавија протест за в понеделник
03.02.2024 13:41
Оттаму велат дека сакаат да го изразат револтот поради неефикасното работење на МОН и доцнењето на стипендиите за постојните и за новите корисници.

Универзитетското студентско собрание на УКИМ за в понеделник во 14.00 часот најави студентски протест. Оттаму велат дека сакаат да го изразат револтот поради неефикасното работење на МОН и доцнењето на стипендиите за постојните и за новите корисници.
„Проблемите се многу, но сплотени, ние сме уште повеќе“, велат од Универзитетското студентско собрание.
На социјалните мрежи се шири повик и за уште еден протест пред МОН в понеделник, поради истите причини, но во различно време, точно напладне
