Се зголемува бројот на пријавени случаи на семејно насилство во велешко
И во велешката полиција и во Центарот за психолошка поддршка во Велес, зголемен број на жртви на семејно насилство кои бараат помош. Сторителите најчесто поминуваат со условна затворска казна или жртвите ја повлекуваат пријавата …

Бројот на пријавени случи на семејно насилство во велешката полиција лани, бил двојно поголем отколку една година претходно. Статистиката поразителна, во 2023 имало 66 случаи од нив 39 пријавители биле жени, 13 мажи, осум деца, во шест случаи родители на сторителот, додека во 2022 во полиција биле регистрирани 34.
Дваесетина од жртвите на семејно насилство, жени совети и помош бараат во Центарот за психолошка поддршка, кој функционира во рамките на организацијата на жени од Велес.
Од вкупниот број на пријави во 2023 година, Основното јавно обвинителство Велес поднело 31 обвинение за кои има 24 одлуки од страна на судија од Основен суд Велес. Повеќето од нив 20 се условна затворска казна, за три случаи е изречено психијатриско лекување а во еден случај парична казна. За 31 пријавен случај семејно насилство, Обвинителството ја отфрлило пријавата, бидејќи најчесто жртвата се повлекла.
Петар Печков
