Македонија

Во Тетово незадоволство поради поскапување на водата

03.02.2024 15:05

Тетовци реагираат на новата одлука за плаќање на повисоки сметки за вода за пиење. На основа на донесеното решение на Регулаторната комисија за енергетика ЈКП Тетово донесе одлука водата да поскапи за 5 денари по метар кубен …

Наместо досегашните 16, на граѓаните за метар кубен потрошена вода, ќе им се наплаќа по 21 денар. Вака стои во новата одлука на ЈКП Тетово која се изгласа и на последната седница на Советот на Општина Тетово. Граѓаните негодуваат. Велат дека не добиваат квалитетни и редовни услуги, а сметките сè се повисоки.

Моментално Тетово се снабдува со вода за пиење од два водоводи.

Водата се поскапува, а засега нема никакви најави за инвестиции за старата и дотраена градска водоводна мрежа каде голем дел од водата од шарските извори наместо во домовите, завршува на улица и под земја поради честите дефекти.

 

Зоран Димовски