Македонија

Македонците од Пустец бараат да им се почитува јазикот

03.02.2024 18:01

Оттаму информираа дека при одбележувањето на 24-годишнината од основањето на Националниот парк Преспа, информациите и банерот биле само на албански јазик, што претставува непочитување на јазичните права на македонското население...

Македонската алијанса за европска интеграција реагира за непочитувањето на македонскиот јазик при одржувањето јавни активности во општина Пустец. Оттаму информираа дека при одбележувањето на 24-годишнината од основањето на Националниот парк Преспа, информациите и банерот биле само на албански јазик, што претставува непочитување на јазичните права на македонското население.

Од партијата укажуваат дека Општина Пустец е населена со 100 насто македонско население, чијшто јазик е признаен и треба да се користи во службени и јавни контексти. Македонска алијанса за европска интеграција бара да се гарантираат правата на Македонците од Пустец.