Откупот на тутунот без посакуваната динамика
Иако преполовена, реколтата тутун не ја добива посакуваната динамика со откупот. Тутунарите незадоволни зашто нема официјални анекси за зголемени цени, Инспекторатот порачува да не се подлегнува при неофицијални најави и неправилностите да се пријавуваат...

Тутунарите да не се поведуваат по усни најави за анекси и зголемување на цената на тутунот, а откупувачите да ги потпишат анексите, порачуваат од Државниот земјоделски инспекторат. Откупот на тутунот останува без посакуваната динамика иако реколтата е преполовена. Досега се преземени близу 9.000 тони по просечна цена од 330 денари за килограм. Само една од 10-те откупни фирми има потпишано анекс за цена од 365 денари.
Ваквата ситуација може да влијае на новата реколта тутун. Инспекторатот и тутунарите се гласни за измени во Законот за регулирање на производството, преработката, цените и правата на тутунарите.
Откупот на тутунот е до крајот на февруари.
Елизабета Митреска
