Скопје
Промовиран мурал и книга посветена на маестро Александар Џамбазов
03.02.2024 16:50
По повод роденденот на маестро Александар Џамбазов, во скопско Дебар Маало откриен мурал во неговата чест и промовирана книга за големиот композитор и диригент...

Големиот композитор и диригент, маестро Александар Џамбазов доби мурал во Дебар Маало. Великанот со чиишто песни израснаа илјадници деца зад себе остави неизбришлива трага и дело вредно за паметење.
Во чест на маестрото, промовирана и книгата „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“, од авторите Бранка Костиќ-Марковиќ и Марко Коловски.
Изданието претставува збирка песни од маестро Александар Џамбазов. Изборот на композициите, што опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од самиот Џамбазов.
Ана Јосифоска Тодоровска