Светски ден на волонтерите

05.12.2013 16:52

2,6 милијарди луѓе во светот се соочуваат со природни катастрофи, сиромаштија, граѓански немири. Државните институции, колку и да се богати, не се секогаш моќни да им помогнат. Затоа тука се волонтерите.

Во црвениот крст во земјава активно работат 7200. Ален осман е еден од нив. За три години успеа да ја добие наградата - волонтер на годината.

-како волонтер имам учествувано во доста голем број проекти од социјалната дејност, од првата помош, воглавно во програмата на црвен крст на град скопје „црвен крст во акција промоција на хумани вредности“ каде што сум втора година, имплементирам, низа проекти со млади лица од средните училишта  вели ален осман - волонтер во општинска организација на „црвен крст“ карпош

Општина велес ја доби наградата - организатор на волонтерска работа.  Имаат 12 волонтери кои секојдневно се грижат за старите лица и патролен социјален работник кој прв профукнционира во земјава.

-направивме мапирање на деца кои се оставени сами без родители, семејно малтретирани луѓе, едноставно општина велес продолжува како и претходно и сега да биде лидер во децентрализацијата меѓутоа овој пат го надополнивме тоа и со волонтерство оцени славчо чадиев- градоначалник на велес.

За својата работа, волонтерите не бараат надоместок, туку само насмевка.

-црвениот крст ќе продолжи тоа да го работи, тоа е негова мисија, тоа го работи благодарение на волонтерите на тие луѓе со голема душа и срце, кое го губат своето слободно време, одвојуваат часови кои би ги посветиле на некоја лична корист се со цел да помогнат на некому на кој што му треба помош, изјави  милчо трајков – претседател на „црвен крст“ македонија

На светско ниво, во црвениот крст и во црвената полумесечина има 15 милиони активни волонтери..

Андријана Атанасовска