Франција
Напад со нож во Париз, напаѓачот имал психички проблеми
03.02.2024 17:19
Инцидентот се случил околу седум часот изутрина...

Напад со нож во Гар де Лион на југоистокот од Париз. Инцидентот се случил околу седум часот изутрина. Едно лице е потешко повредено, а двајца полесно. Обезбедувањето го совладало напаѓачот и го предало на полицијата. Мажот при апсењето приложил италијанска возачка дозвола
Надлежните велат дека не станува збор за тероризам. Напаѓачот имал психички проблеми.
