мвр

85 санкционирани возачи на територија на Куманово

03.02.2024 20:23

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци...

Денеска во периодот од 09.30 до 16.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територија на општина Куманово за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 85 возачи, од кои 16 за возење без возачка дозвола, изречени се две мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за управување моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 23 санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет мерки за управување со брзина поголема од дозволената.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираат од МВР.