Алијанса за Албанците

Лога: Да се држиме до самостоен изборен настап

03.02.2024 19:39

Да се држиме до самостоен изборен настап, напиша генералниот секретар на Алијанса за Албанците и министер за правда Кренар Лога на Фејсбук откако првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори...

Да се држиме до самостоен изборен настап, напиша генералниот секретар на Алијанса за Албанците и министер за правда Кренар Лога на Фејсбук откако првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори.

„Ве информирам дека Алијанса за Албанците не разгледува никакви барања до своите партиски тела, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание за изборите. Во сила има одлука на Централното претседателство, кое е изгласано едногласно да излеземе на избори сами. Го повикувам Собранието да се придржува до едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е АА да излезе сама на парламентарни избори“, напиша Лога на Фејсбук.

Лидерот на партијата Таравари истакна: „Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Северна Македонија. Како претседател на Алијанса за Албанците, јавно го повикувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно да го поздравиме овој процес кој го нарекувам голема и долго чекана промена“.