Одбележување

Одбележување 152 години од раѓањето на Гоце Делчев

04.02.2024 08:49

Одбележување 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер, великанот Гоце Делчев. Чествувањето е на вечното почивалиште на великанот во црквата „Св. Спас“ во Скопје …

Во чест на 152 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, денеска на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“-Скопје, свежо цвеќе ќе положи претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, владина делегација предводена од Бојан Маричиќ, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт.

Како што најавија од владината прес-служба, владина делегација составена од Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.