Нематеријалното културно наследство во опасност
Во голема опасност е нематеријалното културно наследство. Нема системски законски решенија, а иселувањето станува уште поголем проблем, предупредува лингвистот и експерт во заштитата на културното наследство Александар Јорданоски. Во Прилеп ја претстави книгата „Културолошките точки во Македонија“...
Без системски, а не парцијални решенија, без планирање, финансирање и реализација на проекти во голема опасност е нематеријалното, културно наследство во што спаѓаат јазикот и обичаите. Сегашниот закон е надминат. Тоа прави поголеми штети и без надворешните влијанија врз македонскиот идентитет, смета лингвистот и експерт по заштитата на културното наследство Јорданоски.
Од Институтот за старословенска култура предупредуваат на новата голема опасност – иселувањето.
Иселувањето ќе доведе до своевиден апсурд-и при пари и проекти, ќе нема кој да работи на заштитата на духовното културно наследство на Македонија.
Елизабета Митреска