Во Куманово за едно полугодие помалку 130 ученици
Миграцијата не запира. Во Куманово во второто полугодие ќе се образуваат дури 130 ученици помалку. Најголем дел од нив се отпишале поради заминување во западноевропските земји. Од Здружението на просветни работници пак со став-наметнатите реформи не придонесоа за подобрување на квалитетот на образованието …

Дури 130 ученици се отпишале од кумановските основни и средни училишта за едно полугодие, покажуваат податоците на Секторот за образование. Тие второто полугодие не го продолжиле во Куманово. Податоците потврдуваат дека трендот на иселување продолжува и оваа учебна година.
Според информациите кои доаѓаат од училиштата, поголем дел од учениците со семејствата заминуваат во западноевропските земји. Значително помал процент е на оние кои се отселени во други општини.
Статистиката од последниот попис, покажува дека Куманово е најголема општина во државата, со вкупно население од 98 104 жители.
„Процесот на миграција не запира. Куманово е најголема општина со 21 училиште и можеби со најголем број ученици ама и ние се соочуваме со миграција, кон западно-европските земји“, изјави раководителот на секторот, Александар Јовановиќ.
Од Здружението на просветни работници од Куманово со став наметнатите реформи не придонесоа за подобрување на квалитетот на образованието.
„Да се направи темелна анализа на базичните предмети кои се и тестираат математика, читање, разбирање и природни науки. Целата анализа и реформите да бидат надпартиски и целисходи, да се создаде стимулирачка наставна средина и да се придонесе кон поквалитетно образование“, нагласи Анита Димовска, претседател Здружение на просветни работници Куманово.
Социо-економските разлики посочуваат се видливи и во резултатите на учениците. Укажуваат дека мора да се обезбедат еднакви услови за настава за учениците од урбаните и руралните средини.
Елена Георгиевска
