Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
04.02.2024 08:41
Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 3 степени, а максималната од 10 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
