грип

Болниците и амбулантите полни со пациенти

04.02.2024 17:11

Четириесетина нови случаи на грип неделно се евидентираат во Центарот за јавно здравје во Охрид. Циркулира вирусот АХ1Н1. Заболените се со класична клиничка слика на грип. Оваа сезона не е евидентиран ниту еден смртен случај …

Неделно во Охрид се евидентираат по четириесетина нови случаи на грип. Од Центарот за јавно здравје велат ова е нереална бројка, голем дел од заболените се лекуваат дома, не бараат лекарска помош. Пациентите имаат класична клиничка слика висока температура, болки во грло и тело, малаксаност, стомачни тегоби и респираторни потешкотии.

„Во овој период најпогодена беше возраста од 15 до 40 години, тоа се ќе потенцирам лица кои не се вакцинирани сметаат дека се здрави со доволен имунитет, меѓутоа вакцинацијата дава подобра заштита. 0405 Во нашиот регион немавме така тешки случаи ниту пак имавме смртен случај ниеден сме немале“, вели д-р Јованка Стурлакова Коровешоска епидемиолог.

Интерес за вакцинација против сезонски грип покажуваат само хронично болните и постарите лица.

„Многу мал е процентот на лица коишто се вакцинираат од страна на здравствениот персонал, младите лица и бремените жени. Бремена ниту една жена немаме вакцинирана, без оглед што СЗО препорачува да се дава и на бремените жени. Вакцинирани се 2602 лица, преку мој термин со бесплатна вакцина и уште 50 лица со комерцијална вакцина“, додава Коровешоска.

Епидемиолозите препорачуваат вакцинација, консумирање на здрава храна, повеќе течности, физичка активност и прошетки на чист воздух.

 

Соња Рилковска