САД

САД и Велика Британија напаѓаат цели на Хутите во Јемен

04.02.2024 09:50

Погодени се складишта за оружје, ракетни системи и лансери што ги користеа Хутите за напади врз бродови во Црвено Море, соопшти Пентагон..

САД и Велика Британија синоќа нападнаа најмалку 30 цели на 10 локации во Јемен. Погодени се магацини за оружје, ракетни системи и лансери што ги користеа Хутите за напади врз бродови во Црвено Море, соопшти Пентагон.

Во петокот, Соединетите Држави извршија напади во Ирак и Сирија врз повеќе од 85 цели поврзани со иранскиот корпус на гардата на исламската револуција. Големите операции на САД и сојузниците се одмазда за смртоносниот напад врз американски војници минатиот викенд во Јордан.