ЧИЛЕ

Десетици жртви во пожарите што го зафатија Чиле

04.02.2024 10:07

Според чилеанскиот претседател Габриел Бориќ, бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми...

Најмалку 46-мина загинаа во шумските пожари што го зафатија централниот дел на Чиле. Според чилеанскиот претседател Габриел Бориќ, бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми. Најмалку 1.100 домови се уништени во огнената стихија. Во моментов горат 92 шумски пожара во центарот и јужниот дел на земјата, каде што температурите се невообичаено високи.

Во земјата во сила е вонредна состојба, а Националната служба за превенција и одговор при катастрофи издаде црвен аларм и побара евакуација на шест општини.