Блинкен денеска ја почнува петтата посетата на Блискиот Исток
Израелската војска со предупредување до Хезболах во соседен Либан дека е подготвена веднаш да нападне доколку биде испровоцирана...

И додека продолжуваат нападите во Појасот Газа, израелската војска со предупредување до Хезболах во соседен Либан дека е подготвена веднаш да нападне доколку биде испровоцирана.
„Ја напаѓаме инфраструктурата на Хезболах и во Сирија. На почетокот на војната нападнавме од земја и од воздух повеќе од 50 такви цели кои беа распоредени во Сирија. Ќе продолжиме да дејствуваме каде и да е присутен Хезболах, ќе продолжиме да дејствуваме секаде каде што тоа е потребно на Блискиот Исток. Она што е точно за Либан, важи и за Сирија, и важи за други подалечни места“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.
Американскиот државен секретар Блинкен денеска ја почнува петтата посетата на Блискиот Исток. Предвидени се разговори со Саудиска Арабија, Египет, Катар, Израел и на Западниот Брег, до 8-ми февруари, соопшти Стејт департментот.
