Руско-украински конфликт
Бројот на жртви од украински напади расте
04.02.2024 10:04
Нема коментар од украинска страна за тоа што се случило...

Бројот на жртви од украинските напади во кои беше погодена пекара во Лисичанск се зголеми на 28, а меѓу нив е и едно дете, соопшти администрацијата назначена од Русија во самопрогласената Луганска Народна Република. Во моментов нема коментар од украинска страна за тоа што се случило. Командантот на украинската армија Александар Сирски вели дека околу Купјанск се водат тешки борби.
Претседателот на Украина, Зеленски, изјави дека е важно да се направи се за да се победи Русија.
