Аеродромот во Карачи повторно мета на напад

10.06.2014 17:19

Талибанскиот командант Умер Халид, на својот Твитер профил објавил дека нападот го извршиле негови луѓе...

Нов напад на најголемиот аеродром во Карачи, само 24 часа по првиот. Нема информации за загинати, но на местото на инцидентот има голем број амбулантни возила и полиција. Напаѓачите со гранати ги нападнале хостелот и тренинг кампот на обезбедувањето кое отворило оган, но напаѓачите побегнале. Патниците кои биле на присутни велат дека се создала голема  паника, луѓето не знаеле каде да бегаат.

„Јаки звуци се слушаа од аеродромот. Го засолнив семејството во куќата и им реков дека нешто чудно се случува на аеродромот. Пукотниците беа толку гласни, што потсетуваа дека има војна“, вели Мунеб Ахмед.

Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за нападот. Талибанскиот командант Умер Халид, на својот Твитер профил објавил дека нападот го извршиле негови луѓе. Аеродромот кој вчера попладне беше отворен за сообраќај, денеска е повторно затворен. Во меѓувреме жестоки напади на Пакистанската војска врз талибанските упоришта, на североистокот од земјата. Потпаролот на војската соопшти дека доесга се убиени 15 талибанци.

„Ситуацијата е под контрола, во моментов нема терористи. Целата област ја обезбедивме и превзедовме повеќе акции против терористите“, изјави компандатот Халид.

Бројот на загинати од нападот во неделата се искачи на  38-мина, откако  денеска беа најдени јагленосаните тела на 7 работници во складиштето за багаж. Министерот за внатрешни работи соопшти дека напаѓачите покрај оружјето носеле и голема количина храна и лекови што иницира дека планирале да држат заложници.

 

Марија Петковска