Вработените во ФЗО утре влегуваат во штрајк
Вработените во Фондот за здравствено осигурување утре влегуваат во штрајк. На граѓаните ќе им ги даваат само неопходните услуги – пријава на малолетници за осигурување, осигурување на хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи. Причината за штрајкот е предлогот да им се намалат платите за 21 процент...

Не само што нема да им се зголемат платите со договорените усогласувања, на вработените во ФЗОМ сакаат да им ги скратат за 2.000 денари – вината за штрајкот да не се префрла врз вработените – порачува првиот синдикалец Трендафилов во интервју за Радио Слободна Европа. Тој вели дека досега успевале да го одложат носење на одлуката, но силите во управниот одбор на Фондот сега се изедначени откако еден од членовите што бил на страна на работниците е поставен на друга функција. Вработените стравуваат дека на негово место ќе дојде друг што ќе ја поддржи одлуката за намалување на платите.
В понеделник, вработените на Фондот почнуваат со штрајк.
Вработените во ФЗОМ за време на штрајкот ќе ги работат само итните случи, впишување на малолетници за осигурување, осигурување на хоспитализирани и лекување во странство на итни случаи.
Доколку потрае штрајкот, проблем ќе има и со исплата на платите на вработените во здравството. Први на удар – комисиските решенија за боледувања. За упати и рецепти засега не се очекуваат потешкотии.
Лекарите го поддржуваат штрајкот и се надеваат на брзо решение на веќе напластените проблеми.
Од Фондот за здравство одговараат дека ги имаат преземено сите потребни активности во насока за целосно приспособување на софтверот, но дека за спроведување на оваа измена во Законот за здравствено осигурување потребно е да се создадат технички услови во информатичкиот систем на Фондот, односно да се направи приспособување во софтверот, за што се потребни време, човечки ресурси и финансиски средства.
Наташа Јанчиќ Менковски
