На шарпланинското подрачје не е откриена африканска чума кај дивите свињи
На шарпланинското подрачје ја нема болеста африканска чума кај дивите свињи, велат од Националниот парк „Шар Планина“ откако минатиот месец од Агенцијата за храна и ветеринарство излегоа со информација дека кај дивата популација свињи болеста е потврдена на ловиште за крупен дивеч во село Вејце Општина Тетово …

Над 1.500 ловџии биле ангажирани за отстрел на диви свињи во Шара, со цел утврдување на болеста африканска чума.
Целата акција била организирана и координирана од Националниот парк „Шар Планина“.
Но, сите резултати на крајот биле негативни, кај ниту една свиња не бил евидентиран вирусот.
Од установата сметаат дека Агенцијата за храна и ветеринарство, треба да ги преиспита информации дадени во јавноста.
Минатиот месец од Агенцијата за храна и ветеринарство, излегоа со информација дека болеста африканска чума кај свињите не е евидентирана кај домашната популација свињи во Полошкиот регион.
Додека кај дивата популација на свињи, потврдена е на ловиште за крупен дивеч во село Вејце – Општина Тетово.
Зоран Димовски
