Пред почетокот на Мундијалот, Бразил во штрајкови и сообраќаен хаос!

10.06.2014 17:22

Метрополата живее во сообраќаен метеж, но минус метрото, плус штрајкови на секој чекор, резултатот е 10 милиони заглавени патници и полупразен стадион...

По 7 години и потрошени 12 милијарди долари, Мундијалот одбројува ситно. Трескавично се довршуваат новите стадиони, но– по кој пат навивачите ќе стигнат до стадионот Луз? До каде се работите илустрира денешната несреќа на гордоста на Сао Пауло – дел од монопругата што води право до арената се урна и уби работник, деветата жртва од почетокот на изградбата на инфраструктурата за Шампионатот.

„Ова покажува каков е Бразил – немаме ниту организација ниту трпение. Ова е земјата домаќин на Првенството. Честито“, вели Авелињо Роша, жител на Бразил.

„Владата мора итно да реагира и да го спречи хаосот. Нема друга опција“, смета Татијане Брито, жител на Сао Пауло.

Метрополата живее во сообраќаен метеж, но минус метрото, плус штрајкови на секој чекор, резултатот е 10 милиони заглавени патници и полупразен стадион. Но за туристите, повеќе од транспортот, проблем е прашањето за безбедноста. Од стравот од штрајкот на полицијата, поголем е само тој од полициската бруталност. Многу ќе зависи од тоа до колку ќе бидат задоволни домаќините од пласманот.

„Се разбира дека ќе навивам, мора да победиме. Да не беше Мундијалот, парите и така немаше да ги дадат за здравството и образованието, пак ќе завршеа во нечиј џеб“, вели еден навивач.

Но и покрај сите недостатоци, во топлиот Бразил неизбежно е фудбалот, туристите и фиестата ќе ја создадат магијата на Првенството.

 

Ивана Салтировска