Пазар на труд

Лавина реакции за предлогот „плата во плик“

04.02.2024 17:41

Недозволиво е за земја во 21 век, кандидатка за членка на ЕУ да се формализира неформална економија. Нашата цел е сè што е незаконско да го озакониме – вели претседателот на ССМ Трендафилов за Предлог-законот кој отвора можност за „плата во плик“ за сезонските работници...

Предлог-законот за ангажирање сезонски работници не е она за што дискутиравме како дел од работната група. Недозволиво е за земја во 21 век, кандидатка за членка на ЕУ да се формализира неформална економија. Нашата цел е сè што е незаконско да го озакониме – вели претседателот на ССМ Трендафилов за Предлог-законот кој отвора можност за „плата во плик“ за сезонските работници.

Овој Предлог-закон е дел од Стратегијата за формализирање на неформалната економија 2023-2027 година, преку воспоставување на стимулативни мерки за поддршка. На овој начин се заштитуваат правата на лицата ангажирани по овој основ. Се задоволува потребата од работна сила во одредени дејности како земјоделство, градежништво, објекти за сместување и сервисни дејности за храна.

„Пријавувањето на ангажираните лица ќе се врши преку информацискиот систем на Управата за јавни приходи, а ќе ги пријавува правното или физичкото лице кое има потреба да ангажира лице. За ова работно ангажирање на ангажираното лице ќе му се исплаќа надоместок за извршената работа и ќе му се врши уплата на данок на личен доход, придонес за пензиско и инвалидско осигурување и дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување во случај на повреда на работа и професионално заболување“, стои во соопштението од УЈП.

Предлог-законот не е во корелација со Законот за работни односи, предупредуваат правници.

Салтирова предупреди на можноста да се заобиколуваат и алиментациите што е честа појава.

 

Александра Велинова