собир

Национални права на македонските малцинства

04.02.2024 18:22

На чествувањето 152 години од раѓањето на Гоце Делчев во Битола беа присутни и македонските малцинства од Бугарија, Албанија, Грција и Хрватска. Тие одадоа почит кон великанот но уште еднаш потенцираа за проблемите со кои живеат во земјите од кои доаѓаат...

Балканот сè уште е еден црно бел свет кога се во прашања националните права на македонските малцинства.

Ова е само еден од заклучоците од средбата во Битола. Ако Хрватска е посебен модел како би требало да бидат регулирани националните малцински права во соседна Грција нема напредок ниту по многуте досега преземени активности меѓу кој и потпишаниот преспански договор велат претставниците на нашите малцинства.

Најостро беше осудена бугарската политика кон нашата земја и правата на малцинствата. Велат освен што не ги почитува меѓународните судски арбитражи во сопствената земја асимилаторски се однесува и кон македонското малцинство во Албанија.

По средбата ќе биде испратена декларација до сите релевантни чинители.

 

Стевче Митревски