свет
САД бараат од владата на Курти да престане да поттикнува меѓуетнички тензии во Косово
04.02.2024 20:37
Ова следува по неодамнешните одлуки за забрана за употребата на српскиот динар и со запленувањето возило кое превезувало пари за Србите, корисници на социјална помош

Американскиот амбасадор на Косово, Џефри Ховениер ги обвини властите во Приштина за поттикнување меѓуетнички тензии. Ова следува по неодамнешните одлуки за забрана за употребата на српскиот динар и со запленувањето возило кое превезувало пари за Србите, корисници на социјална помош. Тројцата вработени во поштата на Србија кои беа уапсени се ослободени.
Амбасадорот Ховениер изрази длабока загриженост за постапки на премиерот Курти, дури ја спомена можноста за укинување на американската поддршка за Косово на меѓународната арена.
