Намибија

Почина претседателот на Намибија, Хејџ Геингоб

04.02.2024 19:18

Тој беше претседател на јужноафриканската нација од 2015 година, а требаше да го заврши својот втор и последен мандат оваа година...

По кратко боледување, на 82 години почина претседателот на Намибија, Хејџ Геингоб. Тој беше претседател на јужноафриканската нација од 2015 година, а требаше да го заврши својот втор и последен мандат оваа година.

На крајот на годината во Намибија треба да се одржат претседателски и парламентарни избори.