Успешно заврши екстерното тестирање
Заврши екстерното тестирање. Денеска учениците го полагаа вториот предмет. Учениците, професорите и директорите се задоволни од тоа како поминал целиот процес. Резултатите ќе може да се видат до крајот на месецов...

Екстерното заврши, ќе се чекаат резултатите. Учениците кои денеска го полагаа вториот предмет велат дека поминале лесно. Професорите се убедени дека успехот од тестирањето ќе биде добар бидејќи учениците биле подготвени. Педагозите придонеле за надминување на тремата.
„Сите ги разгледавме прешањата, учениците доаѓаа ако имаа нејасни прашања, веќе ги имаа ги одговараа, голем дел од нив веќе ги имаа одговорено, од нас им беше дадена секоја помош која што беше потребна“, вели Јасна Трајановска- професор по јавно право во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“.
„Немаа трема и последен ден денеска ни е, се враќаат и учебници, се ни оди релаксирано, се ни оди убаво. Значи треба да има ваква проверка, дури би предложила во годината и 2, 3 пати да има ваква проверка за да држиме една тензија на континуирано учење“, смета Божица Ристеска – училишен педагог во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“.
Во средното училиште „Васил Антевски Дрен“ екстерното тестирање поминало подобро од лани.
„Супер се издржа, добро помина, децата се задоволни, мислам и професорите ќе бидат задоволни. Компјутерите со оглед на тоа дека секојдневно по 6 саати беа вклучени се покажаа добри, иако мислам дека си го отслужиле своето. Така да од година во година ќе има подобрување“, нагласи Александар Акнурков – директор на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“.
„Тестирањето секој ден започнуваше на време. Се тестираа учениците во четири термини, немаше никакви проблени и неправилности забележани од наша страна“, изјави Благица Коровин, набљудувач.
Од министерство за образование не забележале проблеми.
„Немаше никакви позначајни проблеми освен во две-три училишта каде се случи проблем со дотокот на електрична енергија. Благодарение на брзата интервенција на евн се надминаа тие проблеми. Во наредните неколку денови ќе започне процесот на обработка на целокупните податоци“, рече министерот Спиро Рисотвски.
Оценките од двата предмета по кои беа тестирани учениците ќе влезат во општиот успех.
Резулатите од тестирањето ќе се знаат на крајот на месецот. Предност ќе имаат осмо одделенците бидејќи уписите за средно се на 23 јуни.
Ана Јосифоска- Тодоровска
