мвр
67 санкционирани возачи на територија на СВР Битола за брзо возење
04.02.2024 21:13
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден во период од 13-19 часот продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот при што изречени се 67 санкции за непочитување на брзината на движење и тоа (19 мерки во Битола, 17 во Прилеп, 23 на подрачје на Ресен, како и по четири санкции на подрачје на Македонски Брод и Крушево).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.
