МВР
МВР: 131 санкционирани возачи во Скопје
05.02.2024 08:36
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои 58 санкции за непочитување на брзината на движење...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои 58 санкции за непочитување на брзината на движење, 13 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за управување под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.
