Финансии

Оглас за поддршка за земјоделски манифестации

05.02.2024 08:59

Локалните самоуправи, земјоделските задруги, здруженија и стопанските комори ќе можат да се пријавуваат за финансиска поддршка за организирање на агросаеми и земјоделски прехранбени манифестации. Рокот за пријавување ќе трае до 26-ти овој месец. За оваа намена еден корисник ќе може да добие најмногу до 2 илјади евра.

Документите за финансирање на организирањето и одржувањето на саеми и на локални манифестации за промоција на земјоделски производи на објавениот огласот ќе можат да се поднесуваат заклучно до 26-ти февруари годинава.

Право на учество на јавниот повик имаат единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, стопанските комори и задруги.

Барателите треба да достават план на активности со временска рамка за реализација на предлогот, методологија како ќе се реализа настанот, финансиски план и извори на финансирање како и изјава дека прифатливите трошоци за реализација на активноста не се финансирани од друга институција.

Максималниот износ на финансиската поддршка која може да добие еден барател за оваа намена е најмногу до 120.000 денари.

Корисникот на средствата е обврзан да достави извештај за спроведената активност и финансиска документација до Министерството за земјоделство во рок од 30 дена по завршувањето на настанот.

 

Методија Трајков