Црвено море

САД извршија неколку напади врз Хутите во Јемен

05.02.2024 09:40

Американските сили погодиле крстосувачка ракета за копнен напад и четири противбродски проектили кои биле подготвени да бидат лансирани против бродови во Црвеното Море...

САД извршија неколку напади врз Хутите во Јемен, објави американската Централна команда. Американските сили погодиле крстосувачка ракета за копнен напад и четири противбродски проектили кои биле подготвени да бидат лансирани против бродови во Црвеното Море.

„Уверени сме дека претседателот ги има соодветните причини да продолжи да ги спроведува овие напади за да ги заштити нашите луѓе, нашите бродови или морнари, нашите војници и капацитети низ целиот регион“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.

Последната акција доаѓа еден ден по заедничките американско-британски напади врз цели на Хутите.