Израел

Обид за смирување на тензиите на Блискиот Исток

05.02.2024 09:42

Израелските вооружени сили објавија дека напредуваат во населба во Кан Јунис, за која се тврди дека е главното упориште на Хамас. Во обид на смирување на тензиите на Блискиот Исток е американскиот државен секретар Блинкен...

Израелските вооружени сили објавија дека напредуваат во населба во Кан Јунис, за која се тврди дека е главното упориште на Хамас и дека се убиени бројни оперативци на палестинската организација. Палестинските медиуми, јавија за израелски воздушни и артилериски напади низ Појасот Газа.

„Секој напад на воздухопловните сили во Појасот Газа не тера да ја постигнеме целта и да ги вратиме киднапираните. Притисокот врз Хамас функционира, тие се во многу тешка ситуација. Колку повеќе го продлабочуваме оперативното достигнување, толку се зголемуваат шансите да дојдеме до ситуација да не бидеме принудени да војуваме“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.

Во обид на смирување на тензиите на Блискиот Исток е американскиот државен секретар Блинкен, во петта посетата откако почна војната Израел-Хамас. Предвидени се разговори во Саудиска Арабија, Египет, Катар, Израел и на Западниот Брег до 8 февруари, соопшти Стејт департментот.