Македонија

ЦУК: Спасувачка акција на Шар Планина, планинар се повредил во тешко пристапен предел

05.02.2024 09:52

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.780 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,30%, а 52,70% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.780 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,30%, а 52,70% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 50,53%, кон Итната медицинска помош 38,52%, кон пожарникарите 4,95%, а кон АМСМ 0,35% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 5,65% со другите 50,23% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 954 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Во ЦУК по добиен повик, околу 14.00 вчера на единствениот повикувачки број за итни случаи на 112, за повреден планинар во повисоките делови на Шар Планина кај превојот меѓу Титов Врв и Бакардан, во 14.30 бил пронајден и земен од спасувачкиот тим, а во 15.00 часот се јавил лично во Регионалниот ЦУК Тетово за да изрази благодарност за брзината и ефикасноста на спасувањето.

ЦУК, заедно со другите инволвирани институции во спасувањето (Полицијата од Тетово и од Шапка, „Ескимо Фрирајд“, Националниот парк, Итната медицинска помош, ДЗС, планинари и други) биле во постојана координација и комуникација за да се изнајде оптимално и брзо решение за спасување на повредениот. Така и се добила информацијата дека „ратрак“ бил нешто подолу во туристичка прошетка во тој предел на планината, со што било остварено спасувањето толку брзо. Тимот на „Ескимо Фрирајд“, инаку составен од пасионирани планинари обучени и за пружање прва помош и барање и спасување во планина, иако во моментот превезувал – шетал туристи, несебично веднаш тргнал нагоре кон повредениот, којшто почнал веќе неговиот другар да го спушта пополека колку можело надолу поблизу за помагање, свесен дека како што ќе одминува денот, така се постудено ќе станува и се полизгаво.

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало најмалку 19 евидентирани „зимски“ пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Биле ангажирани пожарникарите во одредени региони за гаснење и по пет пожари на отворено.