Тенис

Ѓоковиќ 411-та недела на првото место на АТП листата

05.02.2024 10:37

Со оглед на тоа дека српскиот ас е апсолутен рекордер, на секои седум дена само поставува нов рекорд.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња денеска ја започна 411-та недела на првото место на АТП листата. Со оглед на тоа дека српскиот ас е апсолутен рекордер, на секои седум дена само поставува нов рекорд.

На овој начин Ѓоковиќ се оддалечи од Рожер Федерер за 101 недела, откако Швајцарецот на тронот помина 310 недели. Секако, таа разлика дополнително ќе се зголеми во корист на српскиот ас, откако првата позиција ја обезбеди до 4-ти март, односно сигурно е дека ќе достигне 414 недели на врвот.